klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Битола еден од најживите културни центри во државата

Битола еден од најживите културни центри во државата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 08. 2026. 07:11:36

Битола годинава потврдува дека е еден од најживите културни центри во државата. Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, градот се соочи со исклучително голем интерес од посетители, при што речиси и да немаше слободни сместувачки капацитети. Кулминацијата на празничната атмосфера беше спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ, кој на едно место собра околу 20.000 посетители од земјата и регионот, а поддржувач на настанот беше Општина Битола. Синоќешниот настап на Steve Aoki на Стадионот „Петар Милошевски“, повторно создаде вистински спектакл и незаборавна музичка вечер. По празничните денови, Битола продолжува да живее со богатата програма на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, кое до крајот на јули реализираше 46 настани со повеќе од 9.000 посетители. Концерти, изложби, театарски претстави, книжевни промоции и други перформанси ја претворија Битола во отворена сцена на која уметноста е достапна за сите граѓани и гости на градот. Културните настани во Битола, продолжуваат да бидат туристичка атракција и во следните денови. Директорот на Културно-информативниот центар Битола, Димитар Михајловски, истакнува дека годинашното издание на фестивалот за првпат е во целосна организација на КИЦ Битола, чиј основач е Општина Битола и дека програмската концепција на културното лето целосно кореспондира со визуелниот идентитет на фестивалот – фреската на македонскиот академски сликар Борко…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti