klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Битка со педофилијата: ЕП одобри надзор на „четови“ на соц-мрежите

Битка со педофилијата: ЕП одобри надзор на „четови“ на соц-мрежите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 08:59:27

Европскиот парламент ја реактивираше за уште две години мерката Chat Control 1.0, која им дозволува на онлајн платформите доброволно да вршат надзор врз приватни пораки за да откриваат материјали за сексуална злоупотреба на деца. Иако противниците на мерката ги надгласаа поддржувачите со 314-276 не беше достигнато потребното мнозинство од 361 глас за блокирање на иницијативата. Предлагачите на мерката тврдат дека контролата на комуникациите е на доброволна основа, не ја нарушува енкрипцијата и не им дава на владите директен пристап до пораките. Критичарите предупредуваат дека заштитата на децата се користи како оправдување за масовен надзор на приватните пораки на милиони граѓани, кои не се осомничени за ништо.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti