Билатерална средба на царинските управи на Македонија и Косово

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и унапредување на безбедноста на границата беа во фокусот на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина. Особено внимание беше посветено на One-Stop Shop концептот на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, како заедничка иницијатива која има за цел поедноставување на процедурите и побрз проток на стока и патници. Двете страни разговараа и за унапредување на размената на податоци преку SEED, усогласување на процедурите и подобрување на инфраструктурата и капацитетите на граничните премини. Во делот на европската интеграција, беа разменети искуства и информации за реформите и дигитализацијата на царинското работење, вклучително и подготовките за усогласување со европските системи и стандарди. Важен дел од разговорите беше посветен и на зајакнувањето на соработката во областа на царинското разузнавање и размената на информации, со цел побрзо откривање и спречување на царински измами, криумчарење и други форми на прекуграничен криминал. „Границата треба да биде што е можно поедноставна за легалната трговија и патниците, а истовремено силна и ефикасна бариера против криминалот. Преку навремена размена на информации, дигитални алатки и меѓусебна доверба можеме дополнително да ја зајакнеме соработката и да придонесеме за поголема безбедност и олеснување на трговијата…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
