klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово станува универзитетска библиотека

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово станува универзитетска библиотека
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 11:59:20

Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам, на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово. Одлуката претставува значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и важен придонес кон унапредувањето на високото образование, науката и библиотечните услуги. Како национална установа од областа на културата, Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово има важна улога во задоволувањето на културните, информативните и едукативните потреби на граѓаните на Тетово и Полошкиот регион. Со проширувањето на дејноста, библиотеката ќе обезбеди поширок пристап до своите фондови и услуги за студентите, професорите и истражувачите. Министерството за култура и туризам продолжува да работи на унапредување на институционалните капацитети и развојот на библиотечната дејност, препознавајќи ја важноста на библиотеките како центри на знаење, образование, истражување и културен развој.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti