„Безбеден град“ ќе ги евидентира и казнува и странските возачи

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце. Министерот Тошковски апелираше до сите што транзитираат низ коридорите 8 и 10 во Македонија, дека камерите на „Безбеден град“ функционираат, работат и евидентираат сообраќајни прекршоци. Тошковски рече дека покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните кои транзитираат во земјава ќе добиваат казни за сторени сообраќајни прекршоци, затоа повика граѓаните кои патуваат да ги почитуваат правилата, укажувајќи дека секој спасен живот е огромен гест. Министерот апелираше до сите кои транзитираат низ коридорите 8 и 10 да бидат одговорни, бидејќи функционира системот „безбеден град“ и ќе се однесува за сите, без разлика дали е со македонски или со странски регистарски таблици. – Брзо, ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила, ќе биде токму тука на овој граничен премин, така што апелирам до граѓаните кои управуваат возила со странски регистарски…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Otac priznao da je ubio trogodišnjeg sina: Odveo ga bez dozvole usred spora oko starateljstva - Telo dečaka pronađeno u koferu pored reke
