klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Без вода дел од населбата Ченто

Без вода дел од населбата Ченто
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 08:23:51

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата Методија Андонов Ченто, крак 8 бр. 7, денеска е прекинато водоснабдувањето за дел од жителите на населбата Ченто, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот на улицата „Методија Андонов Ченто“, од последната автобуска станица на линијата 45 до Арачински Пат. Прекинот во водоснабдувањето започнал во 09:45 часот и ќе трае до завршување на работните активности за санација на дефектот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti