Без вода дел од Карпош, прекини на струја во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште

Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и улиците „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“ во Скопје. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник Ф-150 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај поранешна „Треска“. Без електрична енергија дебеска од 8 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“ во општина Чаир, од 9 до 12 часот дел од Горно Соње во општина Сопиште, како и корисниците од компанијата СТХ ДОО Скопје во кругот на Стаклара и дел од околните објекти во општина Кисела Вода. Од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев“ 31, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“ во општина Аеродром, додека од 9 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“ во Радишани, општина Бутел. Од ЦУК додаваат дека прекините во снабдувањето со вода и електрична енергија се поради зафати…


