klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Без струја денеска делови од Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Без струја денеска делови од Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 06:17:01

Делови од општините Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекините ќе се одвиваат според следниот распоред: Од 08:00 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул. „1“ во општина Петровец. Од 09:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на: ул. „Стив Наумов“ бр. 69, 65, 63а, 63б, 102а, 102б и 102в; ул. „Славе Георгиевски – Шнајдерот“ бр. 1, 3, 5 и 7; делови од ул. „Тетовска“; ул. „Јосиф Јосифовски – Свештарот“ бр. 32, 34, 35, 35а, 36 и 37, во општина Центар. Од 09:00 до 16:30 часот прекин во снабдувањето ќе има за делови од улиците „Франклин Рузвелт“, „Дрезденска“ и „Рампо Левката“ во општина Карпош. Од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. „Знеполе“ и околните улици во општина Ѓорче Петров. Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности во периодот на планираните прекини на електричната енергија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti