БЕЗ НИТУ ЕДНА БОЛЕСТ И БЕЗ ЛЕКОВИ: Најстарата жена во Албанија наполни 117 години

Во селото Ферас, во областа Берат, живее жена која, според информациите, е најстарата во Албанија. Ќамиле Мара неодамна го прославила својот 117. роденден, опкружена со љубовта и грижата на своето семејство, кое на шега и од срце ѝ посакува да доживее и 200 години. Родена во едно друго време, Ќамиле одгледала седум деца, целиот живот работела во земјоделството, а денес има ретка можност да живее и да ги гледа петте генерации од своето семејство. Она што нејзината приказна ја прави уште поневеројатна е нејзиното здравје. И покрај 117-те години, таа моментално не боледува од ниту една болест и не зема никакви лекови. И покрај годините, Ќамиле не сака да седи со скрстени раце. Нејзината секојдневна рутина би изненадила многумина – секое утро станува, зема метла и го чисти дворот, а посветено се грижи и за кокошките. Семејството смета дека нејзината виталност е поврзана со здравиот начин на живот. Меѓу главните намирници што ги консумира се месото од живина и млечните производи, кои ги обезбедува нивната семејна фарма. Нејзината снаа Раиме вели дека грижата за 117-годишната свекрва е истовремено голема одговорност, но и голем благослов. Таа потврдува дека Камиле и понатаму е активна и неуморна. Денес, Камиле живее со својот син…
Povezane vijesti

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Состанок во владата за спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3
