klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бесплатно одлагање на кабаст отпад во центарот на селекција во Карпош

Бесплатно одлагање на кабаст отпад во центарот на селекција во Карпош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·14. 07. 2026. 10:54:05

Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. Илинден (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). Во таа насока, ги информираме граѓаните дека можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден во неделата), во којшто спаѓаат стариот мебел, душеци, кревети и слична покуќнина, електронски и електрични апарати, санитарија, дрвенарија, (прозорци, врати и сл.), без да платат паричен надоместок. Доколку не се во можност да го сторат тоа, карпошани можат да закажат услуга до ЈП Комунална хигиена, која со специјални комунални возила ќе го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови. Оваа услуга се наплаќа, а термините за закажување се од понеделник до петок, во период од 07 до 15 часот на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216 644. Притоа потсетуваме дека кабастиот отпад е крупен отпад од домаќинствата, кој поради својата димензија, тежина и волумен не треба да се фрла (одложува) во стандардните контејнери за комунален отпад. Од ЈП Комунална хигиена – Скопје предупредуваат дека секое одлагање отпад на јавни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti