klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 10 до 14 години во Пробиштип

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 10 до 14 години во Пробиштип
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 09:38:00

„Кошарка за секое дете“ e проект кој им овозможува на момчиња и девојчиња од 10 до 14 години бесплатно да тренираат кошарка, да ги развиваат своите спортски вештини и да се подготвуваат за учество во младинските натпреварувања. Уписите се отворени до 30 октомври 2026 година. Проектот е на компанијата „Булмак 2016“ во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. [facebook_post url="https://www.facebook.com/tonevskitoni/posts/pfbid0ehNETb7H5xheurQxNtVpdt84ofmkYwpiGgX9xvsqQLFZbkSomAX1qzAumq3hLohPl"] Со цел проектот да биде достапен за сите, родителите ќе бидат ослободени од сите трошоци за учество. Со проектот ќе бидат обезбедени топки за кошарка и реквизити за работа, а за натпреварувачите во селекциите и кошаркарска опрема. Предвидено е момчињата и девојчињата да се натпреваруваат во категориите М12 и М14 во системот на Македонската кошаркарска федерација. Програмата за работа ќе ја изработи младинскиот селектор Александар Јованчев, кој ќе го следи и тренажниот процес, како и неколку локални кошаркарски тренери, а за условите за работа во рамките на проектот ќе биде задолжен раководителот на флотација при компанијата Булмак 2016 и поранешен кошаркар Давор Тоневски. Пробиштип располага со две кошаркарски сали со услови за тренинзи и за одржување младински натпревари и првенства. По завршувањето на уписите ќе се формираат групите и ќе се објават термините за тренинзи и натпревари. Проектот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti