klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бесплатен панорамски автобус и туристички водич: Дознајте ги приказните на предземјотресно Скопје, ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Бесплатен панорамски автобус и туристички водич: Дознајте ги приказните на предземјотресно Скопје, ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·24. 07. 2026. 10:30:59

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на Скопје. -По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот, информираат од Градот. Појдовната точка е Порта „Македонија“, утре (сабота) во 10:00 часот Пријавување на телефонскиот број: +389 71 250 419 -Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации, велат од Град Скопје.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti