Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение. Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера. Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста. Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром. Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето. Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар. Информации и пријавување: 078 441 235 - проф. Лазар Иванов. Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и…


