klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Беше толку убава што и Тито бил маѓепсан од неа, а тврдеше дека неговите луѓе ја отруле: Го продавала мебелот за да преживее, а сега повторно снима

Беше толку убава што и Тито бил маѓепсан од неа, а тврдеше дека неговите луѓе ја отруле: Го продавала мебелот за да преживее, а сега повторно снима
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·21. 07. 2026. 18:24:09

Оливера Катарина (86) е една од најпознатите актерки и пејачки на поранешна Југославија. Некогаш нејзината убавина и харизма биле тема и на светските медиуми, но денес нејзиниот живот изгледа сосема поинаку. Јавноста пред неколку години беше потресена од признанието дека славната уметница била принудена да го продава сопствениот мебел за да може да ги плати сметките и да обезбеди средства за живот. Подоцна Оливера откри и дека се чувствува заборавена од многумина. „Живеам сама меѓу своите четири ѕида, заборавена од поголемиот дел од пријателите и колегите. Го зачував достоинството и не сум депресивна. Нема никого да молам за ништо“, изјави таа во едно интервју. Сепак, се чини дека работите конечно се менуваат на подобро. Легендарната актерка наскоро повторно ќе се најде пред камерите во новата хумористично-семејна серија „Семејно дерби“. Станува збор за нов проект на авторот Драгиша Ковачевиќ, чија приказна е сместена во современ Белград и ги следи семејните односи, секојдневните предизвици и вечните фудбалски ривалства, претставени низ многу хумор и интересни ситуации. Покрај Оливера Катарина, во серијата ќе играат и познати актерски имиња како Снежана Савиќ, Бода Нинковиќ, Маријана Мичиќ и други. Да потсетиме, Оливера Катарина во текот на својата блескава кариера дури 72 пати настапила во легендарната париска…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti