БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН СДСМ… А што остана од него, најмногу знае Обвинителството

Беше едно време кога случаен граѓанин, кој од време на време чита портали или гледа вести на телевизија, знаеше да наброи барем 5-6 луѓе од врвот на партијата СДСМ, од Бранко Црвенковски на падоле, барем толку. Без оглед дали му се допаѓаат или не, тие сепак оставиле трага во јавноста. Но, времињата се променија. Ниту во СДСМ има идеологија и препознатливост, ниту има луѓе кои знаат кој раководи со партијата. Никој надвор од СДСМ не може да наброи шест луѓе од врвот на партијата, бидејќи самите тие не претставуваат ништо во општеството, а оттаму ни во партијата. Анонимуси, прелетачи од една во друга партија, пензионирани функционери од нивните “невладини организаци“... Тие се. Тоа е раководството на СДСМ денес. Анонимно и деструктивно и кон себе, и кон јавноста и кон државата. Венко Филипче и “Анонимните“ објавија повеќе од 50 “внатрешни непријатели“ кои - “за потреби на власта сакаат да ја растурат партијата“! А, во суштина, нема што да се растури бидејќи, гледано структурно и политички, на Бихаќка нема партија туку “шелтер“, заштитена куќа за потреби на капиталот на Зоран Заев и Венко Филипче, анализира ВЕЧЕР.МК. Паранојата на СДСМ почна кога Зоран Заев и Венко Филипче го прогласија Бранко Црвенковски за непожелен…


