Sport Sjeverna Makedonija
Бернал суспендиран на четири натпревари

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 10. 2026. 05:47:18
Факундо Бернал е суспендиран и казнет со 4 натпревари неиграње поради инцидентот со Ламин Јамал на предходниот натпревар од шпанската Ла Лига. Играчот од средниот ред беше исклучен во 54-тата минута поради тоа што во една турканица го фати Јамал за вратот и двапати го удри во лицето, со што ја остави својата екипа на цедило. Дисциплинскиот комитет, на шпанската фудбалска федерација денеска објави дека по анализа на инцидентот е одлучено фудбалерот на Бетис да добие 4 натпревари суспензија. Според правилата, за таков потег казната варира од 4 до 12 натпревари суспензија Интересно е што во моментов и уште еден фудбалер се соочува со ваква суспензија, а тоа е асот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

