klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·25. 06. 2026. 17:43:47

Жителите на долненските села Заполжани и Новоселани одржаа мирен протест затоа што во тек е реализација на изградба на пат од селото Заполжани до одрени парцели во полето во должина од 2,5 км. Според жителите апсурдно е оправдувањето на општината за оваа инвестиција дека со тоа во иднина ќе се поврзат општините Долнени и Кривогаштани затоа што доколку вистински тоа било намерата немало да се почне со асфалтирање од сред поле туку требало комплетно да се реконструира целиот пат кој поминува од клучката со регионалниот пат Прилеп-М.Брод па низ овие две села во должина од над 4 км. „Патот да се почни од магистралниот пат Прилеп – Македонски Брод, од Новоселани до инвестицијата нека се скрати, не бараме пат 6 метри широк, бараме колку постоечкиот 3 и пол метра“, изјава Зоран Илиески, жител на с. Заполжани. Жителите се сомневаат дека целата оваа инвестиција се прави во корист на одредена приватна компанија за да и се олесни пристапот до нејзините капацитетите во полето, а додека постоечкиот пат Новоселани – Заполжани е во катастрофална состојба. А со поминувањето на тешки камиони по него комплетно ќе се уништи. „Со самото дооштетување ние како населени места немаме излез од другата страна каде да одите…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti