klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·14. 07. 2026. 11:59:49

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Присуството на министерот Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Македонија и Француската Република. По тој повод, министерот Сали упати честитки до францускиот народ, истакнувајќи дека 14 Јули е симбол на слободата, демократијата и европските вредности што ги поврзуваат двете пријателски земји. Тој изрази благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, како и за силното политичко партнерство и билатералната соработка во области од заеднички интерес.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti