klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Беким Сали пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко

Беким Сали пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 06:44:09

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува по повод Денот на државноста на Украина. По пристигнувањето во Украина, министерот Сали беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко, амбасадорот на Република Македонија во Украина, Димитар Блажевски, како и од претставници на Министерството за надворешни работи на Украина и други високи официјални претставници. Учеството на првиот заменик-претседател на Владата на овој Самит претставува потврда на континуираната поддршка на Република Македонија за Украина, нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет, како и за нејзината европска перспектива. За време на престојот во Киев, министерот Сали ќе учествува на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што ќе ја реафирмира подготвеноста на Северна Македонија да продолжи со поддршката за Украина и да го сподели своето искуство и експертиза стекнати во процесот на европската интеграција. Самитот ги обединува лидерите и високите претставници од Украина и земјите од Југоисточна Европа, со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti