klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Бејли: Довербата во вредноста на парите е темелот врз кој почива улогата на централните банки

Бејли: Довербата во вредноста на парите е темелот врз кој почива улогата на централните банки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 07:33:56

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност. Ова го истакнува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of Central Banking: Global Perspectives, Regional Cooperation and Future Challenges). Осврнувајќи се на улогата на централните банки во секојдневниот живот на граѓаните и компаниите, Бејли нагласува дека одлуките за монетарната политика директно влијаат врз каматните стапки за кредитите и штедењето, а преку тоа и врз инвестициските одлуки, економскиот раст и вработеноста. Тој посочува дека финансиската стабилност е подеднакво важна, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се обезбеди одржлив економски раст и достапно финансирање за домаќинствата и компаниите. Бејли посочува дека централните банки извлекле важни поуки од последните кризи и денес располагаат со поотпорни финансиски системи и поразвиени аналитички алатки. Сепак, тој нагласува дека подготвеноста за уште понестабилен свет зависи од континуираното подобрување на анализите, тестирањето на различни сценарија и, пред сè, од зачувувањето на довербата во институциите. „Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti