klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Барнам: Украина го одржува пламенот на европската слобода

Барнам: Украина го одржува пламенот на европската слобода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 19:16:28

Украина го одржува „пламенот на европската слобода“ во живот со својата одбрана од Русија - изјави денеска британскиот премиер Енди Барнам, додека европските лидери се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина. Во обраќањето пред катедралата „Света Софија“, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Барнам ја пофали „огромната сила“ на украинскиот народ и ја опиша неговата земја како „заштитник на Европа, а не товар за нашата безбедност, туку прва линија во одржувањето на Европа безбедна“. Барнам понатаму го спореди отпорот на Украина кон Русија со борбата на Велика Британија против нацистичка Германија, велејќи: „Мојата нација го одржуваше пламенот на европската слобода во 20 век, вие го држите тој пламен во 21 век“. Посетата е прво странско патување на Барнам откако во јули ја презеде функцијата премиер, а целта е да се нагласи британската поддршка за Украина. По пристигнувањето во земјата со воз, Барнам положи венец и цвеќе на Националните воени гробишта на Украина, пред да присуствува на настанот по повод Денот на независноста во „Света Софија“. Во пресрет на посетата, тојнајави дека Велика Британија ќе ѝ помогне на Украина во производството на ракети со долг дострел „Скалп“, со тоа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti