klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Барнам најави преиспитување на политиката за предвремено ослободување на затворениците

Барнам најави преиспитување на политиката за предвремено ослободување на затворениците
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 12:19:56

Британскиот премиер Ендру Бернам денеска изјави дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе ја преиспита политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој додаде дека не може да го негира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија поради недостиг на места, но оти сака да се увери дека сите аспекти се разгледани. - Не можам да кажам дека можам целосно да ја сменам таа политика, но детално ќе ја разгледам пред да продолжиме понатаму, посочи Бернам. Законот за изрекување на казни што треба да стапи во сила во септември ќе им овозможи на илјадници осуденици предвремено да бидат ослободени, бидејќи владата се обидува да создаде простор во преоптоварениот затворски систем. Голем број осуденици се ослободуваат од затвор по 40 проценти отслужена казна, а таа граница од септември ќе биде намалена на 33 отсто. Британската влада инсистираше новиот Закон да не дозволи предвремено ослободување на најопасните криминалци, кои се осудени на долги затворски казни или на доживотен затвор.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti