klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа и морален неуспех“ поради невработеноста кај младите

Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа и морален неуспех“ поради невработеноста кај младите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 16:51:56

Велика Британија се соочува со „економска катастрофа и морален неуспех“, бидејќи речиси еден милион млади луѓе не се вклучени во образованието, не се вработени и не посетуваат обука - предупреди денеска британскиот премиер Енди Барнам во авторски текст за весникот „Тајмс“, повикувајќи ја владата да инвестира во успехот на младите наместо да плаќа за неуспехот преку системот на социјална помош. „Социјалната помош треба да биде последна заштитна мерка, а не почетна точка“, напиша Барнам, истакнувајќи дека следната недела ќе биде објавен долгоочекуваниот извештај за младите и вработувањето, чии препораки тој вети дека ќе ги сфати „сериозно“. Според најновите податоци на британската Канцеларија за национална статистика, речиси еден милион лица на возраст од 16 до 24 години во Велика Британија не се вклучени во образованието, не работат и не посетуваат обука. Од нив, околу 39 отсто се невработени, додека преостанатите 61 отсто се економски неактивни, што значи дека не бараат работа. Барнам ја припиша кризата на повеќе фактори, меѓу кои двегодишните ограничувања за време на пандемијата на Ковид-19, социјалните медиуми, образовниот систем насочен кон универзитетското образование, ограничените можности за вработување и пропустите на претходните влади. Тој оцени дека социјалните медиуми ја поткопуваат „самодовербата и чувството на припадност“ кај младите луѓе. „Ова…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti