Барал половина од социјалната помош како поткуп: Службеник од Прилеп фатен со обележани пари

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против виш референт за шалтерски услуги во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Прилеп, кој е осомничен дека примил поткуп од корисник на социјална помош во замена за незаконски услуги. Според Обвинителството, осомничениот во периодот од 23 април до 24 јули годинава од жител на прилепското село Бело Поле побарал и примил вкупно 18.000 денари. За возврат, му ветил дека нема да остане без социјалната помош и дека ќе ја евидентира неговата сопруга како активен барател на работа, иако таа не ги исполнувала законските услови. Случајот започнал откако оштетениот и неговата сопруга, кои се корисници на социјална помош, добиле СМС порака од Агенцијата да се јават на обука за работа. Осомничениот му рекол дека доколку ја одбие обуката ќе му биде укината социјалната помош, а за тоа да не се случи побарал секој месец да му дава половина од социјалниот надоместок, односно по 6.000 денари. Според истрагата, оштетениот најпрво му предал 4.000 денари, потоа уште 2.000 денари, а исплатите продолжиле и во наредните месеци. При последното предавање на 6.000 денари, на 24 јули, полициски службеници интервенирале и ги пронашле обележаните банкноти кај осомничениот, по што тој веднаш бил приведен. Против службеникот е поведена…


