klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 11:10:24

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), повикувајќи се на наодите од ревизорскиот извештај за 2024 година. На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Банов, изјави дека според Државниот завод за ревизија, во текот на 2024 година биле отпишани повеќе од три милиони денари долгови, од кои 2,221 милиони денари се однесуваат на физички лица, а 912 илјади денари на компании. Според него, останале ненаплатени и 247 илјади денари данок на личен доход. Банов посочи дека ревизорите констатирале дека постои „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“, оценувајќи дека ваквите наоди бараат институционална истрага. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат обвинителството да ги испита сите околности околу отпишувањето на долговите, како и да утврди дали со тоа е нанесена штета на државниот буџет. Партијата, исто така, побара од раководството на ПОЦ и од Општина Центар јавно да соопштат кои физички и правни лица добиле отпис на долговите, како и дали меѓу нив има лица или компании поврзани со СДС. Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека јавноста заслужува целосна транспарентност за начинот на кој се користеле средствата на граѓаните во Општина…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti