klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?

Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·16. 07. 2026. 10:19:36

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), под раководство на кадри на СДС, во текот на 2024 година отпишало долгови во вредност од над 3 милиони денари и побара Општина Центар да ги објави имињата на физичките лица и компаниите на кои им биле отпишани обврските. На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар, Лазар Банов, рече дека според ревизорскиот извештај за 2024 година биле отпишани 2,221 милиони денари долгови од физички лица и уште 912 илјади денари долгови од компании. Тој посочи дека во ревизорскиот извештај е наведено и дека поради отпишувањето требало да се пресмета и данок на личен доход во износ од околу 247 илјади денари. Банов ги повика раководството на ПОЦ, директорот Душко Коцевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, јавно да ги објават имињата на лицата и компаниите чии долгови биле отпишани. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека средствата, доколку биле наплатени, можеле да бидат искористени за реализација на инфраструктурни проекти, изградба на градинки, училишта, паркови и спортски објекти во Општина Центар. https://www.youtube.com/watch?v=X157u0s70Fg&authuser=1

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti