Бабиш: Чешка годинава не може да издвои два проценти од БДП за одбраната

Чешкиот премиер Андреј Бабиш, пред заминување на самитот на НАТО во Анкара, изјави дека чешката Влада планира следната година да го зголеми буџетот на Министерството за одбрана за 36 милијарди круни и со тоа за првпат да ја исполни обврската кон Алијансата да издвои два проценти од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, но јасно кажа и дека од чешкиот буџет нема да се издвојуваат пари за Украина. Чешката армија во својот буџет годинава има 154,79 милијарди круни, што одговара на околу 1,8 проценти од БДП, додека дополнителни 30 милијарди круни за одбрана се обезбедени од други буџетски ставки, објавува Хосподарске новини. Бабиш претходно изјави дека оваа година, според проценките на НАТО, Чешка веројатно нема да може да ја исполни обврската да издвои два проценти од БДП за одбрана. Чешкиот министер за одбрана Јаромир Зуна во април изјави дека годинашните алокации ќе изнесуваат околу 1,78 проценти од БДП, додека зголемување на два проценти, или околу 190 милијарди круни, е планирано за следната година. Бабиш оцени дека самитот на НАТО во Анкара ќе биде еден од најважните во историјата на Алијансата, а особено ја издвои средбата со американскиот претседател Доналд Трамп. „За нас е важно што таму ќе дејствуваме за првпат…
Povezane vijesti

Banjin, koncesija i kolega sa plaže hotela Hilton koji objašnjava njemici koja se smrzava u srpnju

СДСМ се обидува со префрлање на одговорноста да го политизира случајот во Гостивар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
