Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи. Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува европските вредности. - Го имам прошетано цел Балкан, нема метар квадратен каде што не сум бил, сум го сретнал секој втор човек и сум видел само зелени глави, ништо друго зелено не сум видел, зелени глави кои не разбираат дека треба да соработуваме. И мислам дека денеска упатуваме јасна порака на таа тема. Да, ние сме за поддршка на сите суштински прашања, темелни принципи и вредности, но тоа не можеме да го направиме како на копче кога некој ќе нè рестартира, туку ќе го направиме тогаш кога ќе изградиме цврсти темели во сопствената држава и тоа ќе го прошириме на регионот, напомена Азески. Според него, улогата на стопанските комори е, особено денес, во овие услови - на криза, што побрзо на компаниите да им укажат колку е важна синергијата меѓу одржливоста и конкурентноста. - Уште еднаш јавно кажуваме - бараме отворање на границите на сите…
Povezane vijesti
АСОМ: За државата монопол, за легалниот бизнис клуч на врата и 10.000 лица без работа

Mulešković: Kad postanemo dio EU poslaćemo poruku da smo stabilna zemlja; Mikavica: Moramo stvoriti povoljnije uslove za investitore
