klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Австриска вечер на „Охридско лето“ со поддршка на Касинос Австрија Интернешанал Македонија

Австриска вечер на „Охридско лето“ со поддршка на Касинос Австрија Интернешанал Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 10:01:01

Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, врвни уметници со богата меѓународна кариера, препознатливи по својата извонредна музикалност и интерпретации кои оставаат силен впечаток. Концертната програма ја поведе публиката на инспиративно музичко патување, од безвременските дела на Моцарт и Шуберт, преку романтичните звуци на Сметана, до современиот музички израз на Филип Глас, спојувајќи различни епохи, стилови и емоции во една незаборавна вечер. Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на долгогодишното пријателство, успешната културна соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји. Како компанија која континуирано инвестира во културата, уметноста и проектите од трајна општествена вредност, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особена чест беше дел од оваа значајна фестивалска традиција. Поддршката на врвните културни настани е дел од определбата на компанијата да придонесува кон развојот на културниот живот и да биде партнер на иницијативи што инспирираат, поврзуваат и оставаат траен белег.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti