Австриска вечер на „Охридско Лето“ со поддршка на Касинос Австрија Интенешанал Македонија

Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Света Софија“ ќе настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, уметници чија долгогодишна меѓународна кариера е препознаена по исклучителниот музички израз и врвната интерпретација. Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на пријателството, културната соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји. Со својата континуирана поддршка на културата и уметноста, Касинос Австрија Интернешанал Македонија останува посветен партнер на настаните кои создаваат трајни вредности и го збогатуваат културниот живот во земјата. Музиката ги надминува границите, а уметноста станува универзален јазик, со што се создаваат вечери што остануваат во сеќавање. Токму и затоа, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особено задоволство е дел од оваа традиција, која веќе со години претставува едно од најзначајните културни случувања во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Bačen suzavac na migrante iz Belorusije koji su pokušali da pređu granicu, vojsku Letonije gađali balvanima
