klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Австралиската политичарка која беше удрена од автомобил остана без двете нозе

Австралиската политичарка која беше удрена од автомобил остана без двете нозе
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 09:57:31

На австралиската пратеничка Хелен Хејнс ѝ беа ампутирани двете нозе откако напаѓач намерно ја удри со автомобил пред нејзината канцеларија, изјави денеска нејзиниот сопруг. Нападот се случи пред два дена во Вангарата, североисточно од Мелбурн. Фил Хејнс рече дека лекарите се обиделе да ги спасат нозете на неговата сопруга, но не успеале. „Добрата вест е дека Хелен е жива и стабилна. Тоа е најважното нешто за нашето семејство“, рече Хејнс на прес-конференција. Брендан Нуџент, 43-годишен жител на градот Таравинги, во изборната единица Хејнс, е обвинет за опасно возење со предизвикување тешки телесни повреди, нанесување тешки телесни повреди со намера и напад врз јавна личност. Дополнително, тој е обвинет за одгледување и поседување марихуана, покажуваат судските документи. По нападот, минувачите го совладале пред да пристигне полицијата. Хејнс, независна пратеничка, е позната по нејзиното залагање за заштита на животната средина и прифатливо домување. Полицијата сè уште го истражува мотивот за овој редок напад врз еден избран функционер во Австралија. На краткото појавување пред судот, неговите адвокати рекоа дека обвинетиот страда од ретко невролошко нарушување и дека се лекува од потрес на мозокот. Тие додадоа дека нивниот клиент има проблеми со менталното здравје и дека ова е прво притворање во неговиот живот.с

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti