Svijet Sjeverna Makedonija

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

MKD.mk·Kejt·04. 06. 2026. 12:11:18

Според Илијевски, физичката дислокација во урбаните средини е апсолутно невозможна, а дополнителните огромни финансиски давачки во законот свесно ја туркаат индустријата кон уништување. „Повеќе од 10.000 директно вработени луѓе преку ноќ ќе останат без својата егзистенција, што значи дека заедно со нивните семејства, преку 35.000 луѓе стануваат идни можни кандидати за иселување од нашата држава. Дополнително, ќе бидат загрозени меѓу 50.000 и 100.000 луѓе од придружните дејности кои зависат од овој сектор, како агенциите за обезбедување, ИТ секторот и добавувачите на опрема“, истакна Илијевски. Ударот ќе го почувствуваат и други дејности, но и самиот државен буџет. Околу 350 милиони евра на годишно ниво се прибираат во буџетот од целокупното работење на легалните игри на среќа. „Со затворањето, тие пари нема да исчезнат, туку директно ќе се трансферираат на црниот пазар, а државата нема да има никаков приход. Истовремено, ќе се случи огромен крах на пазарот на недвижности, бидејќи повеќе од 800 објекти кои сега се под закуп ќе останат празни“, потенцира Илијевски. Претседателот на АСОМ посочи дека легалните приредувачи се првата бариера која апсолутно го почитува законот, врши контрола на лични карти и не дозволува пристап на малолетници. „Кога државата ќе ја забрани таа бариера, го остава просторот чист за…

Izvor: MKD.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Pročitaj cijelu vijest →
АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе  остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра
Foto: MKD.mk

Povezane vijesti