klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Артуро Видал го избра победникот на полуфиналето меѓу Аргентина и Англија

Артуро Видал го избра победникот на полуфиналето меѓу Аргентина и Англија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 16:01:59

Иако Чиле не се пласираше на Светското првенство, Артуро Видал повторно е во центарот на вниманието благодарение на своите прогнози за натпреварите на Мундијалот 2026. Откако точно ја предвиде победата на Шпанија над Франција со 2:0 и пласманот на „црвената фурија“ во финалето, искусниот играч за врска повторно се огласи на социјалните мрежи и го прогнозираше победникот на второто полуфинале меѓу Аргентина и Англија. „Ви кажав кој ќе биде светски шампион. Ви кажав дека Шпанија ќе ја победи Франција. Јас најмногу разбирам од фудбал“, порача Видал низ смеа во објава на Инстаграм. Неговата доверба во шпанската репрезентација не е нова. Уште пред четвртфиналето ја посочи како главен фаворит за титулата, иако предупреди дека Белгија може да биде незгоден противник. И тоа предвидување се оствари. Шпанија ја совлада Белгија со 2:1 благодарение на голот на Микел Мерино во самиот финиш и обезбеди место во полуфиналето. По тој натпревар Видал уште еднаш повтори: „И понатаму мислам дека Шпанија ќе стане светски шампион.“ Поранешниот фудбалер на Барселона ги прогнозираше и останатите дуели од нокаут-фазата. За натпреварот Англија – Норвешка рече: „Мислам дека ќе победи Англија. На последниот натпревар покажа дека е сериозен кандидат за титулата.“ За четвртфиналето меѓу Аргентина и Швајцарија истакна дека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti