Арсова: Владата останува посветена на создавање поефикасен, поправеден и посоцијално одговорен систем

Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, рече Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што ја објавуваме интегрално. -Новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа дигитализирана алатка за целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Со тоа се надминува досегашниот модел на поединечно администрирање и се воспоставува социјална политика заснована на реална проценка на потребите и ефикасна поддршка. Во тек е и преиспитување на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност. Резултатите од оваа постапка ќе покажат дали постојат пропусти во законските решенија донесени од претходната власт, како и евентуални злоупотреби, врз основа на што ќе бидат подготвени соодветни законски измени. Паралелно се работи на воспоставување унифициран систем за проценка на попреченоста, а во финална фаза е и подготовката на Законот за вработување на лица со попреченост. Склучени се над 80 управни договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги за…

