klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

АРНО слави 13 години постоење: Бесплатна онлајн работилница „Google Maps за почетници“

АРНО слави 13 години постоење: Бесплатна онлајн работилница „Google Maps за почетници“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·22. 07. 2026. 09:34:52

Здружението АРНО го одбележува својот 13-ти роденден, продолжувајќи ја својата мисија за поддршка на општествените иновации, зелениот развој и подобрувањето на дигиталните вештини кај граѓаните. Како дел од роденденските активности и во рамките на проектот DigiCitizenEdu, АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“. Настанот ќе се одржи во понеделник, на 27 јули 2026 година, со почеток во 12:00 часот (во времетраење од 40 минути, до 12:40 часот), преку платформата Zoom. Работилницата е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат секојдневната дигитална ориентација — од пронаоѓање на најблиската аптека или продавница, разбирање на информациите за сообраќајните гужви преку боите на мапата, па сè до посложено планирање на патувања со додавање повеќе попатни точки. Основачката и претседателка на АРНО, Ирина Јаневска, истакна дека одлуката за овозможување ваква бесплатна работилница има и симболично значење за здружението: „2026-та година почна тешко за АРНО, во еден момент ќе изгубевме правец, но со многу верба, труд и добри координати остануваме да постоиме на мапата во граѓанскиот сектор. И така, знаејќи колку е важно да се има смер и добар совет, се одлучивме да подариме една бесплатна работилница за користење на Google Maps. На работилницата може да се пријават сите граѓани.“ Пријавувањето…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti