klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Аријана Гранде пред публиката ја откри причината зад одлуката јавно да се повлече

Аријана Гранде пред публиката ја откри причината зад одлуката јавно да се повлече
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·04. 08. 2026. 07:19:07

Аријана Гранде го прекина концертот во Чикаго за да и ја објасни на публиката својата неодамнешна одлука да се повлече од јавноста. Во емотивен говор, 33-годишната пејачка зборуваше за потребата да го заштити своето ментално здравје по период на бројни професионални обврски, пишува „Унилад“. Поп-ѕвездата моментално е зафатена со бројни обврски, вклучувајќи ја промоцијата на нејзиниот албум и филм „Wicked“ и светска турнеја. Таа накратко го прекина настапот во Чикаго за да сподели со илјадниците обожаватели со што се справува. На сцената, видливо емотивна, зборуваше за тоа колку е тежок животот за неа под постојан надзор на јавноста. Таа нагласи дека повлекувањето не е избрзана одлука. -Вчерашното соопштение не беше реакција или импулсивен потег. Тоа е нешто што го планирав и тивко го подготвував долго време, рече Гранде. Таа, исто така, објасни дека нејзината вистинска ситуација не е она што често се прикажува во медиумите. -Без разлика што е напишано и кажано, ништо не може да го промени она што навистина го доживувам и ништо не е пореално за мене од љубовта што ја споделуваме, им рече таа на публиката. Зборуваше за важноста на поставувањето граници и призна дека на секого понекогаш му е потребен одмор. Гранде им се заблагодари…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti