klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентинците се протнаа во полуфиналето на СП (ВИДЕО)

Аргентинците се протнаа во полуфиналето на СП (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·12. 07. 2026. 06:13:41

Фудбалерите на Аргентина се последните учесници во полуфиналето на Светското првенство, откако во уште еден мундијалски трилер ја совладаа Швајцарија по продолженија со 3-1. Актуелните бранители на титулата за пласман во големото финале ќе се борат во среда од 21 часот во Атланта, каде ги чека историско дерби против селекцијата на Англија. Швајцарците во Канзас Сити го дадоа и последниот атом од силите за да креираат една од најголемите сензации во историјата на Мундијалите, беа на чекор до тоа да му ја симнат круната на шампионот, но на крајот сепак не издржаа. Во регуларните 90 минути резултатот гласеше 1-1 – мрежата на Швајцарија ја начна Алексис МекАлистер уште во 10. минута, пред во 67. минута да израмни Дан Ндоје. Јазолот во 112. минута, со момент на чиста магија, го пресече Хулијан Алварез со фантастичен погодок од далечина, додека точка на овој меч стави Лаутаро Мартинез во 121. минута од средбата https://youtu.be/_YicRhJSvM8?si=EQ04ri7j3eHGmGOq

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti