klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентинците не знаеја достоинствено да го прифатат поразот – тепачка по последниот свиреж (ВИДЕО)

Аргентинците не знаеја достоинствено да го прифатат поразот – тепачка по последниот свиреж (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 22:49:26

Иако Шпанија со победата над Аргентина ја освои титулата светски шампион, тензиите не стивнаа ниту по последниот судиски свиреж. Веднаш по завршувањето на натпреварот дојде до жесток судир меѓу фудбалерите на двете репрезентации, а во центарот на инцидентот се најдоа Ерик Гарсија, Гави и Леандро Паредес. Вербалната расправија брзо прерасна во физичка пресметка. Фудбалерите разменуваа навреди и обвинувања, по што на теренот настана голема мешаница. Според снимките, Паредес прв го удрил Ерик Гарсија, а во продолжението на инцидентот на тревникот паднал и Гави по судир со аргентинскиот играч од средниот ред. Судијата по завршувањето на натпреварот му покажа црвен картон на Паредес поради неговото учество во инцидентот. pic.twitter.com/OFhSf26jMv — OvoOno (@OvoOnoX) July 19, 2026 Поголема тепачка спречија соиграчите и членовите на стручните штабови на двете репрезентации, кои брзо влегоа на теренот и ги разделија фудбалерите. На тој начин беше избегната уште посериозна пресметка по финалето на Светското првенство.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti