Аргентина стигна до четвртиот пораз во финале и се израмни со Германија

Со поразот од 1:0 против Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година, Аргентина го запиша четвртиот пораз во седум мундијалски финалиња и се израмни со Германија како репрезентација со најмногу втори места во историјата. Германија одигра осум финалиња и загуби четири, додека Аргентина стигна до седум натпревари за светската титула и исто така четири пати остана без трофејот. Двете репрезентации заедно имаат осум порази во финалињата, иако истовремено се меѓу најуспешните во историјата на светските првенства. Четирите порази на Германија Првиот пораз на Германија беше во финалето во 1966 година против Англија. Натпреварот заврши со победа на домаќинот од 4:2 по продолженијата, а Џеф Хрст постигна хет-трик, вклучувајќи го и познатиот спорен гол. Во 1982 година, Германија загуби од Италија со 3:1 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Стрелци за Италијанците беа Паоло Роси, Марко Тардели и Алесандро Алтобели. Четири години подоцна, во Мексико, Германија повторно остана без титулата, овојпат против Аргентина. Хорхе Буручага во завршницата го постигна победничкиот гол за 3:2. Последниот германски пораз во финале беше во 2002 година, кога Бразил славеше со 2:0, со два гола на Роналдо. Четирите порази на Аргентина Аргентина првпат загуби во финале на првото Светско првенство во 1930 година. Уругвај победи со…


