klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентина со спектакуларен пресврт ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија

Аргентина со спектакуларен пресврт ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 21:24:59

Аргентина ќе игра против Шпанија во големото финале на Светското првенство 2026, откако во второто полуфинале со спектакуларен пресврт ја совлада Англија со 2:1. Англичаните поведоа преку Ентони Гордон во 55. минута и изгледаше дека сигурно чекорат кон финалето. Сепак, актуелниот светски шампион не се предаде. Енцо Фернандез во 85. минута го израмни резултатот, а Лаутаро Мартинез во судиското продолжение го постигна победничкиот гол за големо аргентинско славје. Двата гола беа по асистенции на Лионел Меси. Ден претходно, Шпанија ја победи Франција со 2:0 и стана првиот финалист. Во сабота, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, Франција и Англија ќе се борат за третото место, додека во недела, на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси, Аргентина и Шпанија ќе се соочат во битката за светската титула. Аргентина ќе има можност да ја одбрани титулата освоена во Катар пред четири години и да стигне до четвртата светска круна во својата историја. Шпанија, пак, ќе го игра само своето второ финале на Мундијалите, по триумфот во 2010 година. Жестока борба од самиот почеток Полуфиналето започна во исклучително наелектризирана атмосфера. Уште во втората минута дојде до турканица меѓу фудбалерите, откако Леандро Паредес стартуваше врз Џуд Белингем, а потоа во конфликтот се вклучија и повеќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti