klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентина со играч помалку во продолженијата, Енцо Фернандез исклучен против Шпанија

Аргентина со играч помалку во продолженијата, Енцо Фернандез исклучен против Шпанија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 21:25:59

Финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ќе биде решено во продолженијата, откако по 90 минути резултатот остана 0:0. Шпанија имаше поголема контрола врз играта и создаде повеќе опасни ситуации, додека Аргентина главно се бранеше и сè уште немаше упатено удар во рамките на голот. Најзаслужен што аргентинската мрежа остана недопрена беше Емилијано „Дибу“ Мартинез. Аргентинскиот голман повторно реагираше во клучен момент, бранејќи опасен слободен удар на Ламин Јамал. Аргентина, сепак, ќе ги одигра 30-те минути од продолженијата со играч помалку. По загубена топка во нападот, Шпанија тргна во брз контранапад преку Нико Вилијамс. Мартинез го одбрани првиот удар, а потоа топката стигна до Пау Кубарси, кој имаше отворен простор пред себе. Енцо Фернандез го стигна и го собори во близина на средината на теренот, со што ја прекина опасната акција. Бидејќи веќе имаше жолт картон, судијата Славко Винчиќ му покажа втор жолт, а потоа и црвен картон. Аргентина сега ќе мора да издржи две продолженија со десет фудбалери, додека Шпанија ќе се обиде да ја искористи бројчаната предност.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti