klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентина и Шпанија имаат само еден мундијалски дуел – победата ѝ припадна на „гаучосите“

Аргентина и Шпанија имаат само еден мундијалски дуел – победата ѝ припадна на „гаучосите“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 13:33:52

Финалето на Светското првенство 2026 повторно ќе ги соочи две од најголемите фудбалски нации во светот – Аргентина и Шпанија. Иако двете репрезентации низ историјата одиграле 14 меѓусебни натпревари, нивниот биланс е целосно израмнет: по шест победи на двете страни и два нерешени исхода. Сепак, изненадува податокот дека само еднаш се сретнале на Светско првенство. Единствениот дуел се одигра во 1966 година Натпреварот се одигра на 13 јули 1966 година на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, во второто коло од групната фаза на Мундијалот во Англија. Аргентина, предводена од селекторот Хуан Карлос Лоренцо, славеше со 2:1 благодарение на двата гола на Луис Фабијан Артиме, тогашен напаѓач на Индепендиенте и еден од најдобрите стрелци во аргентинскиот фудбал. Шпанија успеа привремено да израмни преку Хосе Пири, но Артиме со два прецизни удари ја донесе победата на аргентинската репрезентација. Онега беше двигател на аргентинската игра Покрај Артиме, еден од најзаслужните за победата беше Ерминдо Онега, кој ја водеше играта на Аргентина и одигра еден од своите најдобри натпревари на турнирот. Триумфот против Шпанија ѝ помогна на Аргентина да се пласира во четвртфиналето, каде што загуби од домаќинот Англија во натпревар запаметен по контроверзното исклучување на капитенот Антонио Ратин. Речиси шест децении подоцна …

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti