klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Антонио Бандерас откри во каков однос е денес со својата поранешна сопруга, познатата актерка

Антонио Бандерас откри во каков однос е денес со својата поранешна сопруга, познатата актерка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 08. 2026. 12:05:51

Антонио Бандерас (65) откри дека е сè уште многу близок со својата поранешна сопруга Мелани Грифит (68), иако помина повеќе од една деценија од нивниот развод. Актерот вели дека ја смета Грифит за една од своите најдобри пријателки и дека редовно се гледаат. Тој зборуваше за нивната врска пред премиерата на филмот „Тони“, биографска драма за готвачот Ентони Бурден, пишува „Пипл“. Бандерас и Грифит се венчаа во мај 1996 година, а во септември истата година ја добија ќерката Стела. Грифит поднесе барање за развод во 2014 година, а бракот официјално заврши во декември 2015 година. „Кога и да одам во Лос Анџелес, задолжително се гледаме и одлично си поминуваме. Се смееме и едноставно… мислам дека тоа е многу здраво, а беше добро и за нашите деца“, изјави Бандерас. „Додека бевме заедно, но и кога се разделувавме, секогаш бевме многу искрени еден кон друг. Се разделивме во добри односи, а тоа беше многу важно и за децата и за нас“, рече актерот. Актерот моментално го промовира филмот „Тони“, биографска драма за познатиот готвач, писател и телевизиски водител Ентони Бордејн.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti