Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се разговараше за нивното учество во музичката програма по повод Денот на Општина Илинден, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во нивните најголеми музички хитови. Со организацијата на вакви настани, Општина Илинден продолжува да инвестира во културниот и општествениот живот, создавајќи можности за заедничко дружење и промоција на домашната музичка сцена. Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден и заеднички да уживаат во богатата програма и празничната атмосфера.
Povezane vijesti

Николоски: Подготовките за брзата пруга на Коридорот 10 се одвиваат според планот, градежните работи треба да почнат до крајот на годината

Индиската претседателка идната недела во посета на Македонија
