klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Антонели триумфираше во Белгија, Хамилтон казнет по судирот со Расел

Антонели триумфираше во Белгија, Хамилтон казнет по судирот со Расел
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 14:58:01

Кими Антонели е победник на Големата награда на Белгија, откако во возбудлива трка на патеката „Спа-Франкоршамп“ заврши пред Шарл Леклер и Макс Верстапен. Лидерот во шампионатот стартуваше од пол-позицијата и, иако во почетната фаза го загуби првото место, успеа да се врати на врвот и да ја запише новата победа во сезоната. Трката почна со голем инцидент уште во првиот круг. Луис Хамилтон и Џорџ Расел се судрија во шестата кривина, по што возачот на Мерцедес мораше да се откаже. Хамилтон објасни дека болид пред него му ја попречил видливоста и дека немал доволно потисна сила на предниот дел, но стјуардите оценија дека е одговорен за судирот и му доделија казна од пет секунди. Поради инцидентот на патеката излезе безбедносното возило, а трката продолжи на крајот од четвртиот круг. По рестартирањето, Антонели ја задржа водечката позиција пред Леклер и Верстапен. Холанѓанецот набргу го претекна возачот на Ферари и се искачи на второто место. Зад водечките се водеше голема борба. Оскар Пјастри и Леклер имаа контакт при обидот на возачот на Мекларен да претекне, но стјуардите одлучија да не преземаат дополнителни мерки. Во 18. круг Верстапен прв од водечките влезе во боксот. Кратко потоа беше активиран виртуелниот безбедносен автомобил поради остатоци…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti