klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Антонели ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија

Антонели ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·18. 07. 2026. 15:59:47

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата во квалификациите за Големата награда на Белгија, 13-та трка во Формула 1 што се одржува на патеката Спа-Франкоршан. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул беше втор, додека возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше трет. Британецот ќе изгуби 10 места на стартната линија поради замена на компонентите на погонскиот систем. Квалификациски за ГН на Белгија - Топ 10: 1. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) - 1:44.361 минути 2. Макс Верстапен (Ред Бул) +0:317 секунди 3. Ландо Норис (Мекларен) +0:440 4. Џорџ Расел (Мерцедес) +0:508 5. Шарл Леклерк (Ферари) +0:532 6. Луис Хамилтон (Ферари) +0:534 7. Оскар Пјастри (Мекларен) +0:655 8. Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) +0:782 9. Габриел Бортолето (Ауди) +1:267 10. Исак Хаџар (Ред Бул). Главната трка ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti