Антички свиток изгорен по ерупција на Везув, дешифриран со помош на вештачката интелигенција (видео)

Свиток што изгорел и се јагленисал кога италијанскиот вулкан Везув еруптирал пред речиси 2.000 години, е делумно дешифриран и прочитан со помош на вештачка интелигенција. Проектот „Предизвик Везув“ има за цел да дешифрира текстови од пронајдените изгорени свитоци - без потреба тие физички да се одмотуваат. Зачувани под кал и пепел во вила за којашто се верува дека некогаш му припаѓала на роднина на Јулиј Цезар, свитоците од папирус биле откриени од италијански земјоделец во 18 век. Колекцијата е единствената позната голема збирка што преживеала од класичната антика. Изгорени до степен на јагленисување, свитоците се исклучително оштетливи. Со годините, научниците од областа на папирологијата се обидувале да ги одмотат користејќи различни методи, вклучувајќи хемикалии, гасови и сечкање, па тоа најчесто завршувало со оштетување или доуништување на свитокот. Наодот наречен „ПХерц. 1667“ (PHerc. 1667) е еден од стотиците вредни остатоци од староримскиот град Херкуланеум, кој бил закопан од вулкански наслаги кога Везув се активирал во 79 година н.е. „Предизвикот Везув“ го започна Брент Силс, професор по компјутерски науки на американскиот Универзитет на Кентаки, заедно со претприемачите Нат Фридман и Даниел Грос во 2023 година, за да ги охрабри истражувачите ширум светот да се обидат да ги прочитаат свитоците со „виртуелно одмотување“…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
URLICI, SUZE, BRUTALNE UVREDE I ŽESTOKI SUKOBI Ovo su događaji koji su obeležili finale Elite 9: Njen otac je bojkotovao medije, a on je skinuo pantalone
