Анкета: Во случај на војна, повеќето Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата

Во случај на закана од војна, мнозинството Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата, покажаа резултатите од анкетата спроведена од институтот Ибрис за потребите на радио Зет. Во исто време, висок процент од испитаниците рекле дека би останале во Полска во случај на војна, пренесува радио Зет. Институтот за истражување на пазарите и општествените феномени Ибрис објави како Полјаците одговориле на прашањето „Дали би се пријавиле за одбрана на земјата во случај на закана од војна“: Апсолутно да – 11,7 проценти, веројатно да – 15,3 проценти, веројатно не – 34,7 проценти, сигурно не – 23,4 проценти и не знам / тешко е да се каже – 14,9 проценти. Ова значи дека 27 проценти од испитаниците се подготвени да се вклучат во одбраната на Полска, а 58,1 процент не се подготвени. Кај мажите, 42 проценти од испитаниците изразиле подготвеност да ја бранат земјата, додека 44 проценти дале негативен одговор. Кај жените, 14 проценти одговориле со „да“, додека 71 процент одговориле со „не“.
Povezane vijesti

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

„Нечовечки и надвор од здравиот разум“: ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на изјавите на Филипче за ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница
