klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 12:28:24

Народната банка спроведе две одделни анкети за мерење на задоволството на корисниците и доставувачите на статистички податоци. Анкетите се дел од постојаните активности за унапредување на процесот на прибирање податоци, подобрување на нивниот квалитет, како и на начинот на презентација и достапност за јавноста. Резултатите покажуваат уште повисоко ниво на задоволство од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост, како и од комуникацијата и поддршката што ја обезбедува Народната банка. Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 (на скалата од 1 до 5). Корисниците изразуваат високо ниво на задоволство од статистичкиот веб-портал НБСтат, редовните статистички објави и достапноста на статистичките информации. Особено е зголемено задоволството од квалитетот на статистичките податоци, чија просечна оценка достигна 4,2. Позитивни оценки даваат и известувачите, кои високо ги оценуваат процесите за доставување статистички податоци, едноставноста на апликациите и обрасците, како и професионалната соработка со вработените во Дирекцијата за статистика. Воедно, кај двете групи испитаници, комуникацијата со вработените е издвоена како највисоко оценет сегмент, со просечна оценка 4,5, при што е забележано постојано подобрување во однос на резултатите од претходните анкети. Анкетата истовремено посочува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti