Анкара бара меѓународна потерница за Нетанјаху поради нападот врз флотилата за Газа

Турција започна постапка за поднесување барање до Интерпол за издавање црвена потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште неколку лица, одговорни за пресретнувањето на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ - соопшти турскиот министер за правда Акин Ѓурлек. Како што објави провладиниот весник „Јени Шафак“, барањето за меѓународно апсење веќе е доставено до турското Министерство за надворешни работи, кое треба да ја спроведе процедурата пред Интерпол. Покрај Нетанјаху, за истиот инцидент Анкара бара потерница и за израелскиот државјанин Афек Москович. Ѓурлек во објава на социјалната мрежа „Икс“ посочи дека барањето за црвена потерница е поднесено во согласност со налогите за апсење што турските власти ги издадоа на 14 јули годинава. Според него, Нетанјаху и Москович се товарaт за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои „геноцид“, „злосторства против човештвото“, „мачење“, „намерно нанесување телесни повреди“, „противправно лишување од слобода“, „киднапирање превозни средства“, „тешка кражба“ и „оштетување имот“. „Во никој случај не го прифаќаме ставот дека владата на Нетанјаху, која спроведува политика на геноцид во Газа, е недопирлива и не може да биде повикана на одговорност“, порача турскиот министер. Хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“, чија цел беше привлекување на вниманието на јавноста кон хуманитарната криза и пробивање на поморската блокада што ја воведе…


